Состојки:
- 500 гр. тортелини со сирење
- 2 големи портобело печурки
- 100 мл. бело вино
- 2 чешниња лук.
- 1 лажица ситно сецкан магдонос
- 100 гр. Пармезан
- 100 гр. Путер
- 250 мл. Павлака
- Сол и црн пипер
Припрема:
Сварете ги тортелините во солена вода, а откако ќе се сварат исплакнете ги со студена вода и оставете ги да се изцедат.
Печурките добро измијте ги и отстранете им ги стеблата, а потоа исецкајте ги на ленти.
Во тава на тивок оган додајте го виното, магдоносот, ситно исецканиот лук и печурките. Динстајте се додека печурките не омекнат и не потемнат, околу 10тина минути.
Во посебна тава на оган растопете го путерот, а потоа додајте ја павлаката и постојано мешајте околу 3 минути. Тргнете ја тавата од оган и додајте го пармезанот.
Вака приготвениот сос додајте го во тавата со печурки, додадете сол и црн пипер и промешајте. Од тортелините ставете во чинија за сервирање, па прекријте ги со приготвениот сос од печурки, бело вино и павлака. Добар апетит!