Три брзи и вкусни рецепти со зеленчук

popara6 септември, 20111min00
salata

Искорстете го периодов додека пазарите сè сеуште преплавени и направете си неколку вкусни јадења од зеленчук. Ви предлагаме три деликатеси кои ќе ги подготвите за многу кратко време.

1.       Запечена салата

Состојки:

–          карфиол,

–          150гр грашок,

–          мал цвет брокула,

–          2 домати,

–          2 шаргарепи,

–          1 црвена пиперка,

–          2 лажици лимонов сок,

–          една шолја кисела павлака,

–          пола лажица шеќер во прав,

–          сол и зачини.

Подготовка:

Сварете го карфиолот, брокулите, грашокот и шаргарепите. Исецкајте го сварениот зеленчук на помали парчиња, па додајте ги доматите и пиперката исецкани на коцки. Измешајте со киселата павлака, сокот од лимон, шеќерот и солта, и на крај посипете со зачини по желба. Кратко потпечете ја смесата во рерна и послужете додека е топло.

2.       Модерни ражничи

Потребно:

–          3 пиперки,

–          100г шампињони,

–          10г димен кашкавал,

–          млад кромид,

–          3 главици црвен кромид,

–          пола тиквица,

–          сол и бибер.

Подготовка:

Пиперките исечете ги по должина и очистете ги семките. Наредете ги на плех обложен со хартија за печење и печете 10 минути во рерна загреана на 200 степени. Кога ќе се оладат пиперките, извадете им ги лушпите и исечете тенко по должина. Тиквицата и кашкавалот исечете ги на кругови. Со пиперките замотајте го кашкавалот и ставете го на ражничот заедно со остатокот зеленчук и шампињоните. Посолете, зачинете, полијте со маслиново масло и загрејте ги околу 15 минути.

3.       Летен компир

Состојки:

–          3 компири,

–          100г кашкавал,

–          100г шунка,

–          пола чаша јогурт,

–          пола црвена пиперка

–          пола жолта пиперка,

–          праз,

–          3 шаргарепи,

–          масло,

–          оцет,

–          бибер и сол.

Подготовка:

Сврените компири испасирајте ги и промешајте ги со јогуртот. Шунката исецкајте ја и додајте ја на компирите. Изрендајте го и кашкавалот во смесата и формирајте мали топчиња. Пипеките и празот ситно исецкајте ги и додајте ги во топчињата. Шаргарепата изрендајте ја и заедно со оцетот, јогуртот, солта, маслото и биберот сипајте ги на чинијата. До овој сос наредете ги подготвените топчиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag