Тунис: Поранешниот претседател побегнал со 1,5 тони злато

slobodan16 јануари, 20111min00
Tunisie_President_Ben_Ali

Поранешниот претседател на Тунис Зине ал Абидин бен Али и неговото семејство избегале од земјата со 1,5 тони злато, објави француски “Монд”, повикувајќи се на извори на разузнавачките служби на Франција. Според актуелните цени на златото, за 1,5 тони благороден метал доколу биде продадено можело да се добијат околу 69 милиони американски долари. Информациите што ги пласира весникот говорат дека Лејла Трабелси, втора сопруга на Бен Али повлекла златни прачки од централната банка на Тунис минатата недела. Гувернерот на банката првично го отфрлил барањата и за преземање на златото, но, конечно се согласил, по дпритисок од страна на претседателот Бен Али.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma