Вкусни сендвичиња со сладодед од тројно чоколадо! Ммммм….

popara8 септември, 20111min00
sladoled

Потребни состојки:

  • 1 пакет микс тесто за колачи
  • 200 гр путер
  • 1 јајце
  • 300 гр чоколаден чипс
  • 2 топки чоколаден сладолед

Подготовка:

Во поголем сад измешајте го тестото за колачи, јајцето и чоколадниот чипс и формирајте тесто. Исмесете го тестото на работната маса и со помош на чаша моделирајте ги колачите. Ставете ги колачите во тавче за печење кое претходно сте го измачкале со путер. Печете 12 минути во загреана рерна на 200 степени целзиусови.
Откако ќе се испечат, оставете ги колачите да се изладат, а потоа ставете ги во фрижидер најмалку еден час.

Омекнете го сладоледот на собна температура 10 минути пред да ги формирате сендвичите. Извадете ги колачите од фрижидер и помеѓу две колачиња нанесете од сладоледот. Внимателно притиснете се додека сладоледот не стигне до работ на колачињата, а потоа на рабовите нанесете чоколаден чипс. Вака подготвените сендвичи повторно вратете ги во фрижидер и оставете ги да отстојат 10 минути, па потоа послужете ги со свежо шумско овошје.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag