Потребни состојки:
1 кг. димени свински ребра
2 лажички свинска маст
1 лажичка мајоран
2 лажичка сенф
Рендано морско оревче
Сол и црн пипер
Припрема:
Димените ребра исечете ги на половина и ставете ги во вода да се варат околу 10тина минути. Потоа извадете ги од вода и оставете ги да се исцедат.
Ребрата премачкајте ги со свинската маст, па со сенф и зачинете ги со мајоранот, ренданото морско оревче и сол и црн пипер.
Ребрата наредете ги во тава за печење, па попрскајте ги со масло. Печете на температура од 170 степени целзиусови околу 2 часа, односно се додека ребрата не станат крцкави. Послужете со свеж или обарен зеленчук или пак печен компир. Добар апетит.