Потребни состојки:
4 поголеми пилешки копани
1 чешне лук
1 лажица кечап
2 лажици масло за јадење
1 лажица оригано
1 лажица сенф
Сол и црн пипер:
Припрема:
Во посебен сад ставете го истолчениот лук, ориганото, сенфор, маслото за јадење и кечапот, па посолете и наросете црн пипер и промешајте ја смесата.
Добро измијте ги копанчињата, па ставете ги во садот со претходно подготвената смеса и оставете ги да отстојат 2 часа во фрижидер.
Извадете ги копаните од фрижидер и ставете ги во тава за печење намрсена со масло за јадење. Печете 40тина минути на температура од 160 степени целзиусови.
Откако ќе се испечат копанчињата, наредете ги на чинија за сервирање и по желба додадете топчиња кисела павлака. Добар апетит!