“Најбруталните“ паѓања на музичките ѕвезди :(((
Има нешто магично во настапите во живо – рефлектори, озвучување, разголени фанови… Сепак, постојат “баксузни“ луѓе кои паднале од сцената и го доживеале својот најголем срам.
Погледнете
Стивен Тајлер
Фронтменот на Aerosmith за време на еден настап во Дакота, во текот на својот перформанс падна директно во публиката, притоа предизвикувајќи воодушевување од фановите, иако го скрши рамото и доби оштета. Тоа се нарекува “совршен пад на еден рокер“.
httpv://www.youtube.com/watch?v=-uXRTWuk3XM
Бијонсе
Дивата Бијонсе стана уште една жртва на вртоглавите високи потпетици. Всушност, на еден од настапите падна од своите 12 cm високи потпетици.
httpv://www.youtube.com/watch?v=tOkIj2a-ZSE
Пинк
Во текот на една кореографија пејачката Пинк ја изгуби рамнотежата и падна од сцената директно во рацете на чуварите. Падот изгледаше многу болно, а судејќи по ликот на Пинк, сигурно и бил.
httpv://www.youtube.com/watch?v=QT-rQZ6LmKE
Дизи Раскaл
Британскиот рапер Дизи Раскaл премногу се внесе во своето рапување и падна преку звучниците на сцената. Ова болеше…
httpv://www.youtube.com/watch?v=N74JP_-R_4U
Боно
Фронтменот на групата U2 уште еднаш покажа дека е вистински професионалец. Чекорејќи наназад, не забележа дека се приближи до крајот на сцената и падна колку што е “широк и долг“. Меѓутоа, многу брзо се снајде, легна на сцената и продолжи да пее.
httpv://www.youtube.com/watch?v=vQFQEJ9K77I
Скот Веиланд
Американскиот пејач Скот Веиланд доживеа едно од најболните паѓања. Младиот пејач падна од сцената и не можеше да стане се додека не дојде помош.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Ca-d0tAFDCE
Стивен Тајлер (Торонто)
За време на концертот на Aerosmith во Торонто, фронтменот Стивен Тајлер стана жртва на “чудната“ шега на својот колега кој го турна од сцената.
httpv://www.youtube.com/watch?v=VBO3we8v0Io