Потребни состојки:
За корпици:
- 200гр путер
- 2 јајца
- 500гр брашно
- пола кесичка прашак за пециво
- 50гр чоколадо
- За фил:
- кесичка пудинг
- 4 лажици шеќер
- 500мл млеко
- слатко од јагода
Начин на подготовка:
Замесете тесто од путер или маргарин, јајца, растопено чоколадо, брашно и прашок за пециво. Од тестото обликувајте топки и обложете подмачкани метални калапи за корпици. Печете околу 20 минути на 180 степени. Сварете чоколаден пудинг, а кога ќе се згусне, измешајте стопено чоколадо. Изладениот пудинг разлијте го во корпите. Сварете пудинг од јагода, ставете го во малите калапи и израмнете го горниот дел. Кога ќе се олади, оладете го пудингот од калапите и ставете го на корпите. Украсете ги слатките со јагода или со друго варено овошје.