Потребни состојки:
За тесто:
- 400гр брашно
- 4 јајца
- 100мл млеко
- малку сол
за фил:
- 250гр крем сирење
- 100гр малина
- 50гр шеќер
- половина лажицаморско оревче
за крем:
- 7 жолчки
- 1 јајце
- 150гр шеќер
- 2 касички ванилин шеќер
- 500мл слатка павлака
- 50 гр малини
- прелив од малини
Начин на подготовка:
Од брашно, јајца, малко и сол замесете тесто. Оставете го малку да отстои. Развијте го на побрашнета даска и растегнете. Сечете го тестото на коцки и полнете ги со фил, па превиткајте ги и краевите притиснете ги со вилушка. За фил пенасто изматете сирење, шеќер, и морско оревче, па составете со истолчените малини. Полнетoто тесто варете го дестина минути во зовриена посолена вода, а потоа исцедете ги. За крем изматете жолчки, јајце, шеќер и ванилин шеќер. Смесата варете ја на пареа со постојано мешање водејќи сметка да не се згусне премногу. Оладениот крем составете го со добро изматена слатка павлака. Сварените колачи послужете ги прелиени со крем, украсете со малини и прелив од малини.