Потребни состојки:
За смеса:
- 3 јајца
- малку сол
- 10 лажици брашно
- 1дл млеко
- 2дл пиво
- 2 лажици масло
- малку прашок за пециво
- чили пипер
- масло за пржење
За фил:
- 300гр фета сирење
- лажица маслиново масло
- лажица сушен босилек
- 2 помали тиквици
- 200гр кисела павлака
- сецкан магдонос
- малку бибер
Начин на подготовка:
Иматете тесто од сите состојки, оставете да отстои половина час и испечете ги палачинките. Тиквиците излупете ги, исечете ги на ситни коцки, посолете и оставете малку да отстојат. Сирењето исто така исечете го на коцки, прелијте со маслиново масло и зачинете со босилек. Тиквиците исцедете ги, помешајте ги со павлака и се соединете со фета. Додадете магдонос и црн пипер, помешајте ја смесата и полнете ги палачинките.