Потребни состојки:
За кора:
- 5 јајца
- 150гр шеќер
- 70гр брашно
- 70гр какао во прав
- Рендана кора од лимон
За крем:
- 100мл ликер од банана
- 80гр густин
- 150гр шеќер
- 500мл млеко
- 180гр путер
За прелив:
- 150гр ликер од портокал
Начин на подготовка:
Пенасто изматете јајца и шеќер, па додадете брашно помешано со какао и рендана лимонова кора. Тестотот ставете го во подмачкан плех и печете. Оладената кора исечете ја на три еднакви дела, потоа две кори премачкајте со сируп. Густинот разматете го во малку млеко. Останатиот дел од млекото сварете го со шеќер, додадете разматен густин и варете. Кремот потоа оладете го и соединете со изматен путер, а потоа додадете ликер.
Филувајте ги подготвените кори, но така што кората без сирупот ќе ви остане последна. Декорирајте по желба.