Потребни состојки:
- 500гр лиснато тесто
- за крем:
- 250гр млеко
- 9 жолчки
- 10 лажици шеќер
- 1 лажица брашно
- 1 лажица густин
- 1 кесичка ванилин шеќер
- пола лажица цимет
- изрендана кора од лимон
- 2 лажици екстракт од ванила
- неколку капки жолта боја
Начин на подготовка:
Развијте го тестото, исечете ги на коцки и со нив обложете ги подмачканите калапи за мафини. За крем пенасто изматете ги жолчките, шеќер и неколку капки жолта боја. Додадете цимет, изрендана кора од лимон, брашно, густин и ванилин шеќер. Потоа соединете со добро загреано млеко со лесно матење. Ставете во големо тенџере со вода и варете на пареа додека не се згусне. Со кремот полнете ги корпите и печете 20минути на 180 степени додека кремот не потемни.