Потребни состојки:
За кора:
- 8 јајца
- 8 лажици шеќер
- 3 лажици какао
- 5 лажици брашно
За фил:
- 300гр мелени бисквити
- 300мл млеко
- 250гр путер
- 250гр жеќер во прав
- 150гр пропржени мелени лешници
- 2 лажици ванилин шеќер
За глазура:
- 250мл слатка павлака
- 300гр чоколадо
Начин на подотовка:
Во шамот од белките и шеќерот додадете ги жолчките и лесно измешајте брашно и какао. Смесата испечете ја во рерна, загреана на 180 степени додека бисквитот не се одвои од краевите на калапот. Оладете ја и исечете на три дела. За фил, пенасто изматете путер со шеќер во прав и додадете мелени бисквите прелиени со млако млеко во кој сте додале ванилин шеќер. Во смесата додадете пропечени мелени лешници и филувајте ги корите. Оставете ја тортата во фрижидер да се стегне, и подоцна прелијте со глазура која сте ја направиле од чоколадо растопено во слатка павлака.