Потребни состојки за темен фил:
– 2 дл вода
– 300 гр шеќер
– 125 гр путер
– 500 гр мелена плазма
Потребни состојки за белиот фил:
– 1 дл вода
– 200 гр шеќер
– 125 гр путер
– 200 гр млеко во прав
– 100 гр кокос
Подготовка:
Темниот фил: Сварете ги водата, шеќерот и путерот и ставете ја мелената плазма.
Белиот фил: водата, шеќерот и путерот сварете ги. Тргнете од оган па додајте го млекото во прав. Убаво измешајте и ставете го кокосот.
Кога ќе се изладат филовите најпрво ставете слој од темниот фил, па ставете го целиот светол фил, и одозгора ставете ја другата половина од темниот фил. Најдобро е колачот да го оставите во фрижидер за да се стегне, а потоа пресечете го на парчиња.