Бело месо во пршута

popara3 март, 20121min00
belo meso

Потребни состојки:

2 лажици масло

1 лажица балсамико

1 лажица вегета

Сол и црн пипер

1 кг. пилешки гради

150 гр. тенко сечена пршута

Припрема:

Пилешкото месо исечете го на парчиња и зачинете го. Потоа ставете го во ќесичка и врзете ја кесичката, па оставете го  да остои неколку часа за да ги прими зачините.

Извадете го месото од ќесичка и секое парче обмотајте го со пршута. Пржете ги парчињата месо во тава со масло на оган. Послужете ги вака приготвените парчиња месо со гарнир од ориз или компир. Добар апетит!