Браунис со карамела

popara2 март, 20121min00
Brownie Cookie Goodness

Потребни состојки:

125 гр. путер

100 гр. црна чоколада

2 јајца

250 гр. кафеав шеќер

100 гр. брашно

2 лажици какао

2 лажици ванилин шеќер

½ лажица прашок за пециво

¼ лажичка шеќер

150 гр. крупно сецкани ореви

За карамел:

400 гр. млеко

100 гр. шеќер

50 гр. путер

1 дл. слатка павлака

Припрема:

Стопете ја чоколадата и путерот на тивок оган со постојано мешање, па оставете ги да се изладат. Јајцата, шеќерот и ванилата изматете ги со миксер, па додадете ја изладената смеса и промешајте за смесата да се изедначи. Полека додавајте го брашното со матење, па додадете го какаото, прашокот за пециво и оревите и промешајте.

Смесата рамномерно распоредете ја во тава за печење обложена со хартија, па печете на температура од 180 степени 20тина минути. Колачот треба да остане сочен, односно малку леплив кога ќе го прободете со чепкалка.

Состојките за карамела ставете ги во тенџере и на умерен оган гответе со постојано мешање се додека карамелата не се згусне. Оставете ја карамелата да се излади 5 минути, па прелијте ја врз колачот. Оставете колачот да се излади барем 3 часа, па послужете. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag