Потребни состојки за тестото:
– 150 гр брашно
– 75 гр шеќер
– 100 гр мелени лечници
– 125 гр омекнат путер
– лажица вода
За филот:
– 3 белки
– 750 гр младо несолено сирење
– 100 гр шеќер
– ванилин шеќер
– 3 жолчки
– 100 мл млеко
– пудинг со вкус на чоколада
За декорација:
– 200 мл слатка павлака
– ванилин шеќер
– какао во прав
Подготовка:
Припремете го тестото со состојките кои ви се потребни за него. Повеќе од половината од тестото ставете го во округол плех, а остатокот ставете го на страничниот дел од плехот. Ставете го да се пече на 180 степени околу 15 минути. Изматете ги белките. Потоа и сирењето, шеќерот, ванилата, јајцата и млекото. Измешајте го прашокот за пудинг, и целиот фил ставете го на тестото па вратете го плехот во рерна и печете 50 минути. Изматете ја слатката павлака и ставете ја одозгора на изладената торта. Одозгора посипете со какако и ванилин шеќер.