Потребни состојки:
125 гр. темна чоколада
1 дл. неутрална павлака
0.5 дл. млеко со ниска масленост
4 јајца
1 лажица брашно
50 гр. мелени бадеми
125 гр. кафеав шеќер
Припрема:
Ставете ја искршената чоколада во сад за матење. Загрејте ги павлаката и млекото до вриење, па додадете ги во садот со чоколадо и мешајте се додеќа чоколадото не се растопи. Во садот додавајте ги едно по едно жолчките со постојано матење, па додадете го брашното и бадемите во смесата.
Изматете ги белките па со постојано матење додавајте го шеќерот. Матете се додека не добиете цврст шлаг. ¼ од шлагот додадете во чоколадната смеса и изматете, па потоа целата смеса со чоколадото додадете ја во шлагот и матете се додека не добиете хомогена смеса.
Колачот печете го во загреана рерна на температура од 180 степени околу половина час. Потоа исклучете ја рерната, отворете ја малку вратата и оставете го колачот да отстои внатре уште 10тина минути. Оставете го колачот да се излади. Не грижете се доколку горниот дел на колачот испука, тоа може да го прекриете со шеќер во прав. Добар апетит!