Потребни состојки:
За кора:
- 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 3,5 лажици брашно
- 1,5 лажици какао
За фил:
- 250гр путер
- 100гр шеќер во прав
- 100гр чоколадо
- 2 јајца
- 100гр шеќер
За глазура:
- 150гр чоколадо
- 4,5 лажици масло
Начин на подготовка:
Изматете снег од белки, додадете шеќер, една по една жолчките и добро измешајте. Брашното измешајте го со какао, па полека додадете го со дрвена лажица во смесата од јајца и шеќер. Истурете во плех обложен со хартија за печење. Печете 180 степени. Печениот бисквит ставете го на влажна кујнска крпа и замотајте.
За фил изматете јајца и шеќер. Чинијата со изматени јајца ставете ја во сад со зовриена вода, па варете го филот на пареа за да се згусне. Оставете да се олади. Путерот пенасто изматете го со шеќер во прав, додадете растопено чоколадо, добро измешајте и соединете со оладениот крем.
Оладената кора премачкајте ја со подготвениот фил и повторно замотајте го ролатот. Премачкајте го ролатот со подготвениот фил и оставете во фрижидер добро да се олади или накратко во замрзнувач. На тивок оган стопете чоколадо со масло, и полека прелијте го оладениот ролат. Послужете кога глазурата ќе се стегне.