Чоколадна торта со малини

popara13 јули, 20121min00
torta

Потребни состојки:

Сос од малини:

  • 200гр малини
  • 100гр шеќер
  • 2 лажици лимон

За кора:

  • 6 јајца, разделени белките и жолчки
  • 150гр шеќер
  • 60гр брашно
  • 40гр какао во прав

За какао сируп:

  • 100гр шеќер
  • 20гр какао во прав
  • За чоколаден крем:
  • 300мл слатка павлака
  • 3 жолчки
  • 20гр шеќер
  • 310гр црно чоколадо (70% какао)

Начин на подготовка:

Измешајте ги малините, шеќерот и парчиња лимон и оставете на собна температура 4 часа. Потоа ставете да се вари, намалете ја температурата и варете 30 минути. Извадете го лимонот и оладете.

Загрејте ја рерната на 170 степени. Подмачкајте и обложете со хартија за печење.

Изматете ги жолчките со 30 гр шеќер, се додека смесата не нарасне и побели. Посебно изматете ги белките со останатиот дел од шеќерот во цврст снег. Помешајте ги жолчките и белките, па додадете брашно и какао. Се полека соединете и сипете во плех. Печете околу 40-50 минути. Извадете го плехот и оладете.

За какао сируп, помешајте какао, шеќер и 250мл вода. Варете се додека шеќерот не се стопи, па тргнете од оган и оладете.

За крем, ставете павлака да се згрее до пред вриење. А посебно изматете жеолчки и шеќер. Полека сипете ја павлаката во жолчките, вратете на оган и варете неколку минути на слаб оган за смесата да се згусне. Во врелиот крем додадете иситнето чоколадо и помешајте да се истопи. Оставете да се олади.

Кората исечете ја на 3 слоја. Ставете ја првата на чинија за сервирање, натопете третина со какао сируп, ставете половина сос од малини, па четвртина крем. Повторно ставете кора, сируп, останатиот дел од сосот од малини, па четвртина крем и кора.  Целата торта премачкајте ја со крем. Оладете во фрижидер 2 часа. Добар апетит!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag