Потребно за cupcakes:
- 2 јајца
- 160мл млеко
- 75гр стопен путер
- 225гр брашно
- 80гр шеќер
- 1 кесичка прашак за пециво
- Малку сол
- Џем од портокал
За прелив:
- 150мл слатка павлака
- 150гр темно чоколадо
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200степени. Обложете ги калапите за мафини со хартиени корпи. Изматете јајца, па додадете млеко и путер. Посебно измешајте ги сувите состојки, па додадете во јајцата и кратко промешајте. Сипете по една лажица од смесата во калапите, ставете малку џем, па додадете уште една лажица од семесата. Печете околу 20-25 минути. Извадете од рерна и оладете.
За прелив, загрејте ја павлаката до вариење, па прелијте преку исецканото чоколадо и помешајте за чоколадото да се стопи. Оставете 10 минути малку да се олади, па прелијте врз cupcakes.