Чоколадни капкејкс со цреши

popara24 јуни, 20121min00
chocolate cherry

Потребни состојки:

  • 2 чоколади за готвење
  • 2 јајца
  • 100 гр. путер
  • 2 лажици какао
  • 150 мл. млеко
  • 50 гр. сок од цреши
  • 200 гр. брашно
  • 1 пакување шлаг пена или готов шлаг
  • 30 цреши
  • 30 гр. чоколадо
Начин на подготовка:
Растопете го чоколадото за готвење на пареа. Во посебен сад ставете го путерот и изматете го со миксер, па додадете ги јајцата, сокот од цреши, млекото, брашното и какаото и изматете. Додадете го растопеното чоколадо и повторно изматете ја смесата. Во калапи за печење мафини наредете поголеми украсни хартии за колачиња, па рамномерно распоредете ја смесата и печете во загреана рерна на температура од 200 степени околу 20тина минути.
На чинија за сервирање ставете еден капкејк. Одозгора нанесете претходно подготвена шлаг пена или готов шлаг. Растопете 30 гра. чоколадо. Потоа врз секој капкејк ставете по една цреша која претходно до половина сте ја потопиле во топеното чоколадо. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma