Чоколадни коцки “Фантазија”

popara25 јуни, 20121min00
cokoladni kocki

Бисквит:

  • 8 јајца
  • 1 маргарин
  • 20гр шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 200гр чоколадо за готвење

Жолчките пенасто изматете ги со шеќерот, па додадете растопен маргарин, стопеното чоколадо, брашното и прашокот за пециво. Потоа лесно со дрвена лажица додадете ги изматените белки и стевете ги во плех за печење. Печете 40 минути на 180 степени па топлиот колач прелијте го со 3дл ладно млеко!

Крем:

  • 1 литар слатка павлака
  • 400гр чоколадо за готвење

Слатката павлака и чоколадото ставете ги на тивок оган или на пареа. Мешајте додека чоколадото целосно не се истопи и додека павлаката не дојде до вриење (не смее да зоврие). Врелиот крем полека со голема лажица прелијте го врз тестото. Оладете го на собна температура, па ставете во фрижидер неколку часа и уживајте во чоколадниот десерт.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma