Потребни состојки:
- 80 гр. чоколадо
- 2 топки сладолед
- 400 мл. млеко
- 400 гр. шеќер
- 500 гр. јагоди
Начин на подготовка:
Растопете го чоколадото на пареа, па во блендерот ставете го сладоледот, растопеното чоколадо, шеќерот, јагодите и млекото. Матете се додека не добиете хомогена смеса. Смесата распоредете ја во четири чаши, па ставете ги чашите во фрижидер да се изладат. Послужете го чоколадното фрапе декорирано со исецкани јагоди.