Потребни состојки:
- 1 главица кромид
- 2 целер со лисја
- 100гр праз
- 1 тиквица
- 1 чешне лук
- 500гр домати
- 200гр грав од конзерва
- 2 лажици маслиново масло
- 200гр макарони
- сол, бибер
Начин на подготовка:
Исчистете го кромидот и ситно исецкајте. Измијте ги и исчистете ги целерот, празот и тиквичката. Исчистете го лукот. Исечете ги доматите, прелијте со зовриена вода, излупете ги и исчистете од семките. Исцедете го гравот.
Целерот, празот и тиквицата исечете ги на кругови. Листовите од целерот ситно исецкајте ги. Загрејте маслиново масло на тивок оган. Додадете го кромидот и пропржете со повремено мешање. Додадете го подготвениот целер, праз и тиквица и сите состојки уште малку нека се подинстаат. Истолчениот лук додадете го во зеленчукот и прелијте со вода (околу 1 литар). На тивок оган варете околу 10 минути.
Макароните и ситно исецканите листови од целер додадете ги во зеленчукот. Доматите ситно исецкани и исчистени додадете ги во супата со исцедениот грав. Накратко оставете да зоврие и зачинете по вкус со сол и бибер.