Црни палачинки

popara4 август, 20121min00
palacinki

Потребни состојки:

За тесто:

  • 60гр чоколадо за готвење
  • 2 лажици путер
  • 3 јајца
  • 45гр шеќер
  • сол
  • 320мл млеко
  • пола кесичка ванилин шеќер
  • 2 лажици какао
  • 150гр брашно

за фил:

  • 200гр бело чоколадо
  • 250мл слатка павлака
  • банана
  • 2 киви
  • неколку јагоди и малини

Начин на подготовка:

Стопете путер и чоколадо на пареа со постојано мешање, кога чоколадото ќе се стопи, тргнете од оган. Во поголем сад изматете јајца, па додадете шеќер и сол, малко, ванилин шеќер, брашно и какао. Матете додека не добиете соединета смеса, без грутки. Полека истурете го истопеното чоколадо со постојано мешање. Смесата оставете ја да отстои половина час во фрижидер, а пред печење малку на собна температура. Печете ги палачинките во подмачкана и загреана тава. Белото чоколадо растопете го и ставете го изматена слатка павлака со шеќер во прав. Филувајте ги палачинките и распоредете го овошјето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag