Дали мислите дека НЛО гледаат само „лудаци”?

4 февруари, 20120
0109007.48

Секоја година се повеќе неидентификувани појави на небото, а оние кои мислат дека НЛО гледаат само лудите никако не се во право. Сепак, постојат очигледни разлики помеѓу преовладувачките мислења за тие појави.

Некои така цели денови поминуваат набљудувајќи и снимајќи го небото со надеж дека ќе стапат во контакт со вонземјански сили. Но, тука се оние кои некогаш случајно налетуваат на необична појава на небото и едноставно ги интересира што виделе.

Меѓу таквите се вбројува Родни Крослин од Џорџија, САД, кој има 13 години воено искуство. Сепак, објектот кој неодамна го видел не наликува на ниту едно конвенционално летало.

Уште понеобично е што некое време по исчезнувањето на непознатиот објект, подрачјето го поминувале воени хелихоптери. Крослин не знае за што станува збор, но сигурен е дека таквото летало претходно не го видел, иако е запознаен со тоа како изгледаат воените и цивилни летала кога летаат и кога слетуваат.

Овој НЛО така претставува само уште еден од низата на необјасниви појави кои експертите спремни ги дочекале со своите разни објаснувања. Секако, можно е да се работи за експериментална воена технологија, можно е да се работи за вонземјанско летало, а можно е да станува збор и за обичен светлосен феномен.

Тоа што ги воединува сите овие теории секако е загриженоста што надлежните упорно игнорираат да објаснат за што станува збор, па така само ја пробудуваат скепсата за оние кои веруваат во завери.

Снимката од НЛО од Џорџија и интервјуто со сведокот погледнете ја овде:

 

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=FTXO7bM9SOc

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi