Десерт русинки

popara29 мај, 20121min00
десерт

Потребни состојки:

За тесто:

  • 2 јајца
  • 100гр. Шеќер
  • 60 мл. зејтин
  • 60мл. Сок од портокал
  • 125гр. Брашно
  • 2 рамни лажички прашак за пециво

За фил:

  • 4 листови желатин
  • 125 мл. Вотка
  • 100гр. Шеќер
  • 1 – пудинг од ванила
  • 300 мл. Млеко или сок од портокал
  • 200мл. Слатка павлака
  • 2 портокали исецкани на коцки

За гарнир:

  • Рендано бело чоколадо

 

Начин на подготовка:

Измешајте ги јајцата и шеќерот , зејтинот , сокот и изматете ги со миксер, додадете го брашното и прашакот за пециво и испечете кора. Откако ќе се олади, исечете ја на 3 дела. Направете желатин по упатството на пакувањето. Измешајте вотка со прашакот за пудинг и шеќерот. Ставете млеко или сок да се свари, измешајте ја смесата со прашакот за пудинг и мешајте додека се вари. Желатинот исцедете го и со мешање растопете го врелиот пудинг. Кога ќе се излади , додадете ја изматената слатка павлака. Редете ја кората наизменично, потоа филот од портокал.

Украсете со изрендано бело чоколадо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma