Домашна кремаста пилешка супа

popara19 јануари, 20121min00
Cream of Turkey Soup_0036 120 dpi

Потребни состојки:

300 гр. сецкани пилешки гради

2 моркови

100 гр. целер

100 гр. пашканат

2 компири

1 чаша млеко

100 мл. слатка павлака

Коцка за супа

Сол и црн пипер

Припрема:

Ставете вода на оган и ставете го пилешкото исецкано на коцки да се вари. Откако водата ќе зоврие, истурете ја, измијте го пилешкото и оставете повторно да зоврие. Откако пилешкото месо ќе се свари, додадете ги сецканите моркови на кругчиња, сецканиот компир, сецканиот целер на коцки и ренданиот пашканат.

Оставете супата да се вари околу еден час. Проверете дали месото и зеленчукот се сварени, па доколку се ставете ја коцката за супа и варете уште 15 минути.

Во меѓувреме загрејте го млекото и промешајте го со слатката павлака. Кога супата ќе биде сварена, тргнете ја на страна и додадете ја смесата со млеко и павлака и постојано мешајте. Додадете сол и црн пипер по желба. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag