Дунавски бранови

popara26 јули, 20121min00
дунавски-бранови

Потребни состојки:

тесто:

  • 6 јајца
  • 250 гр. шеќер
  • 160 гр. пченично меко брашно
  • 160 гр. пченично остро брашно
  • 250 гр. путер
  • 1 прашок за пециво
  • 100 мл. млеко
  • 2-3 лажици какао во прав
  • малку цимет
  • 500 гр. исцедени вишни од компот или 500 гр. свежи вишни без семки

крем:

  • 750 мл. млеко,
  • 2 кеси пудинг од ванила,
  • 2 ванилин шеќер,
  • 200 гр. путер
  •  2 лажици шеќер во прав.

Глазура:

  • Чоколадо

Начин на припрема:

Путерот и шеќерот се мешаат пенасто, се додаваат жолчки и млеко, а потоа брашното измешано со прашок за пециво. На крајот полека се меша снег од белките.

Половина од смесата истурете ја во претходно намачкан плех (големина 35 х 22), а во преостанатата смеса измешајте какао и цимет, па потоа прелијте ја преку жолтата смеса во плехот.

Потоа се распоредуваат исцедените вишни.

Прашокот за пудинг измешајте го со шеќер, ванилин шеќер и со малку ладно млеко, а останатото млеко ставете го да се вари.

Додајте му разматен пудинг и кратко мешајте, тргнете го од огинот, малку изладете го и измешајте со путер, кој пенасто сте го измешале со 2 лажици шеќер во прав.

Изладениот крем распоредете го по изладениот печен бисквит и прелијте го со чоколадна глазура.

Вака припремениот колач пресечете го на коцки или ромбови и послужете го.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma