Египетска торта

popara1 ноември, 20121min00
torta

Потребни состојки:

За грилијаж:

  • 400гр лешници
  • 300гр шеќер

За кора:

  • 18 белки
  • 18 лажици шеќер
  • 150гр мелени ореви
  • 3 лажици брашно

За првиот фил:

  • 18 жолчки од јајце
  • 18 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 500мл млеко
  • 250гр путер

За втор фил:

  • 200гр изматен шлаг
  • грилијаж од лешник

Начин на подготовка:

Добро изматете ги белките и шеќерот, па нежно додадете брашно и ореви. Истурете во подмачкан плех и печете на 200 степени додека не порумени. Кората поделете ја на три дела. За првиот фил ставете млеко и шеќер да се варат. Жолчките и брашното добро изматете ги и истурете во свaреното млеко кое сте го тргнале од оган. Добро измешајте, вратете на оган и варете околу седум минути. Оладениот крем соединете го со пенасто изматен путер. За другиот фил, карамелизирајте шеќер, додадете ги лешниците и измешајте. Смесата додадете ја во подмачкан плех. Кога ќе се олади, измелете ја и соединете со изматениот шлаг. Во округли калапи редете кора исечена во големина на калапот, првиот фил, вториот фил, кора и така додека не го потрошите материјалот. Завршете со изматен шлаг.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma