Еклери со малини

popara17 август, 20121min00
ekleri

Потребни состојки:

За тесто:

  • 250мл вода
  • 250мл маргарин или путер
  • 250гр брашно
  • 7-8 јајца

за фил:

  • 2 касички пудинг од ванила
  • 20гр желатин
  • 3 лажици шеќер
  • 250гр маргарин
  • 5 јајца
  • 250гр шеќер во прав
  • 3 кесички ванилин шеќер
  • 500мл млеко
  • 50 гр листови од бадеми
  • 100гр малини

Начин на подготовка:

Сварете ја водата и маргаринот или путерот, да зоврие, додадете брашно со постојано мешање за да не се содадат грутки, па тргнете од оган. Во оладеното тесто додадете едно по едно јајце со мешање, така што ќе добиете мазно, густо тесто. На подмачкан плех со шприц за тулумби направете стапчиња од тесто со должина околу 8 см. Печете околу 20 минути на 220 степени убаво да поруменат. За време на печењето не ја отворајте рерната. Пудингот сварете го во млеко со ванилин шеќер и шеќер. Оладениот пудинг соединете го со пенасто изматен маргарин и желатин кој претходно сте го натопиле во вода. Оставете го да се олади.

Јјацата изматете ги со шеќер во прав на пареа. Кога ќе почне да се згуснува, тргнете од пареа и оладете. Составете ги со пудингот. Со оладениот фил полнете ги пресечените еклери, посипете парчиња бадеми и додадете малини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag