Потребни состојки:
- 150гр путер или маргарин
- 50гр шеќер
- јајце
- 50гр павлака
- 250гр брашно
За фил:
- 1кг боровинки
Начин на подготовка:
Изматете го тестото со путер, шеќер, јајце, павлака и на крајот полека измешјате го брашното. Тестото оставете го половина час на ладно, па развлечете го преку рабовите на тавата. Филувајте ја кората, свиткајте ги рабовите и печете половина час на 200 степени додека тестото не порумени.