Потребни состојки:
- 300гр рокфорт сирење
- 2 јајца
- 3 домати
- 3 лажици грашок
- 2 главици кромид
- 4 лажици тартар сос
- 4 лажици павлака
- лажица сок од лимон
- лажица јогурт
Начин на подготовка:
Сирењето и тврдо варените јајца исечете ги на коцки, ставете ги во чинија и додадете им сецкан домат, грашок и кромид. Помешјате тартар сос, павлака, сок од лимон, јогурт и со тоа прелијте ја салатата. Оставете ја пред сервирање еден час да отстои во фрижидер.