Потребни состојки:
2 тиквички
1 јајце
½ кромид
3 лажици брашно
120 гр. фета сирење
½ лажичка сол
Масло за јадење
Припрема:
Изматете го јајцето, па додадете го брашното, ситно сецканиот кромид, искршеното фета сирење и солта. Промешајте ја смесата. Подоа додадете ги изренданите тиквички и повторно промешајте.
Загрејте масло на оган на средна температура. Откако маслото ќе се загрее додадете една лажица црпалка од смесата и оставете да се испече од едната страна, околу 2 минути, па превртете и оставете да се испече од другата страна.
Фритатите ставете ги на чинија за сервирање и послужете со кисела павлака по желба. Добар апетит!