Потребни состојки:
- 600гр. Бело месо
- 500гр. Грашак
- 1,5 главица кромид
- 2 чена лук
- 2.5 моркови
- Зејтин
- Сол
- Бибер
- Суви, билни зачини
- Ловоров лист
- Варен и свеж домат
Начин на подготовка:
Се става кромидот и 1,5 моркова да се динстаат. Штом кромидот порумени, се додава ситно сецкано бело месо, малку да се пропржи. Потоа се налева вода, се додава грашакот и исецканиот морков.
Неколку минути се варат на најјака температура , потоа се смалува на послаб оган и полека се вари.
Штом се сварат месото и зеленчукот се додаваат доматот и зачините.
Потоа се подготвува запршка(брашно, црвен пипер и зејтин, се пропржува , се додава вода и се соединува со главното јадење додека уште се вари).
Пријатен апетит.