Потребни состојки:
1 кг. спанаќ
200 гр. фета сирење
1 китка магдонос
2 млади кромитчиња
2 јајца
150 мл. масло за јадење
12 кори за пита
Сол и црн пипер
Припрема:
Измијте и обарете го спанаќот, па исцедете го и исецкајте го. Промешајте го спанаќот со издробената фета, матените јајца, зачините, ситно сецканиот кромид.
Тавата за печење попрскајте ја со масло за јадење, па ставете една кора и попрскајте ја со зејтин. Ставете уште една кора, па малку од филот, па повторно кора со масло, па кора со филот. Филувајте се додека не ги потрошите состојките. Одозгора попрскајте го бурекот со масло.
Печете во загреана рерна на температура од 180 степени околу 40тина минути, се додека бурекот не добие златно румена боја.