Потребни состојки:
200г. Црна чоколада
2-3 големи лаж. Масло.
½ тегла вишни.
1 лаж рум
1 лаж. Шеќер
Лимонтус еден прст
1 лаж. Густин
5 – г сецкани фстаци
Начин на подготовка:
- Се топи чоколадото и се додава зејтинот.
- Четкичка натопете ја во чоколадото и намачкајте ги хартиените корпички. Ставете во фрижидер 10 мин да се стрврднат. Постапката повторете ја уште 2 пати.
- За тоа време исцедете ги вишните . Во сокот додадете рум, шеќер, лимонтус, па загрејте.
Разматете го густинот во малку вода додате го во сокот и варете . Кога е готов додадете ги вишните и оставете да се лади.
- Со мала лажичка додавајте фил со еднаков број на вишни во секое колаче во корпица.. Се налева останатата чоколада и се посипува со фстаци. Оставете да се излади преку ноќта во фрижидер.