Гриоти со вишни, чоколадо и фстаци…

popara7 септември, 20121min00
grioti

Потребни состојки:

  • 200 грама црно чоколадо
  • 2-3 лажици масло за јадење
  • 200 грама вишни
  • 1 лажичка рум
  • 1 лажица шеќер
  • Прстофат лимонтус
  • 1 лажица густин
  • 50 грама сечкани фстаци

Подготовка:

Истопете ја чоколадата и додадете го маслото за јадење.

Четката за готвење натопете ја во чоколадото и премачкај те ги хартиените корпички. Откако ќе ги намачкате сите корпички ставете ги во фрижидер да отстојат околу 10 минути.

За тоа време исчистете ги вишните. Настрана одвојте онолку вишни колку што имате корпички. Од остатокот вишни направете сок во соковник. Сокот од вишни ставете го на умерен оган и во него додадете ги шеќерот, лимонтусот и разматениот густин во малку вода. По 5 минути откако сокот ќе зоврие и ќе добие густина додадете ги вишните и тргнете го садот од оган.

Со мала лажичка земете од филот ( во секоја корпичка мора да има по една вишна ) и ставете во секоја корпичка по една лажичка фил. Налијте го преостанатото стопено чоколадо и одозгора ставете од ситните фстаци.

Корпичките преку ноќ оставете ги фрижидер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag