Им плаќаат на вработените за да се „начукаат“! Еj и јас сакам таков шеф!!!

21 јануари, 20120
alcohol

Им плаќаат на вработените за да се „начукаат“! Е сакам таков шеф!!!Полицијата во Флорида е навистина најдобро место за работа, особено ако сте љубители на алкохолот. Бидејќи имале проблеми со „апаратчињата за дување“ преку кои ги тестираат возачите дали се пијани, тие решиле да им плаќаат на своите вработени за да се опијанат во име на едно истражување.
Полициската станица избрала 15 вработени на кои им било дадено шише виски Jim Beam од 330 долари и други видови на пијалоци и им било кажано да пијат колку што им душа сака. Откако се испијаниле, на нив им било измерено количеството на алкохол со апаратчињата за дување, а примероци од нивната крв биле пратени на анализа.
Преку истражувањето, кое чинело 8000 долари, полицајците се обиделе да ја спасат репутацијата на апаратот за тестирање од типот Intoxilyzer 8000, бидејќи истражувањето имало за цел да покаже дека резултатите од овој апарат се точни. Локалниот суд е надлежен да одлучи дали овој апарат ќе остане во употреба, но пијаните полицајци искрено се надеваат дека нивната „жртва“ ќе биде од помош.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi