Јајца Бенедикт

popara28 февруари, 20121min00
benedikt

2 мали земички

4 јајца

4 подебели парчиња шунка

8 лажици холандезе сос

За холандезе сос:

50 гр. путер

2 лажици жежок сок од лимон

3 лажици врела вода

3 жолчки

Сол и црн пипер

Припрема:

Зовријте еден литар вода на оган. Потоа дирекно во водата скршете ги јајцата, па оставете ги да се варат 2-3 минути, па извадете ги со лажица.

Истостирајте ги земичките кои претходно сте ги пресекле на половина. Врз секоја земичка ставетепарче шунка, едно јајце и холандезе сос.

За подготовка на холандезе сос: Зовријте вода на оган во тенџере, па во средина ставете помало тенџере. Во тенџерето додадете ги жолчките и матете се додека не се згуснат. Додадете три лажици врела вода и матете постојано. Потоа додадете го сокот од лимон и тргнете го тенџерето од оган. Додадете го путерот, солта и црниот пипер и изматете. Добар апетит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag