Потребни состојки:
3 големи јаболки
3 јајца
1 лажичка сол
1 голема лажица шеќер
250 гр. брашно
400 мл. млеко
50 гр. шеќер во прав:
Шлафрок е смеса како за палачинки но погуста. Во посебен сад ставете ги јајцата, солта, шеќерот, брашното, млекото, па изматете со миксер за да добиете смеса без грутки. Излупете ги јаболката, исечете ги на кругови со дебелина од 1 сантиметар и исчистете ги од семки – ќе добиете форма на прстен.
Загрејте масло на оган, па намалете ја температурата. Јајцата измачкајте ги во смесата и пропржете ги. Пржените јаболка ставете ги на салфетка за да се упие вишокот на маснотија. Потоа послужете ги на чинија за сервирање и посипете ги со шеќер во прав. Послужете ги со мед. Добар апетит!