Потребни состојки:
- 280мл полно маслен јогурт
- кесичка желатин
- 2 касички ванилин шеќер
- 50гр шеќер во прав
за прелив:
- 2 лажици џем од малини
- 1 лимон
Начин на подготовка:
Во јогуртот истурете растопен желатин и матете. Додадете шеќер во парв и продолжете со матење. На крајот додадете ванилин шеќер и измешјате да се истопи. Смесата истурете ја во кружен сад и оладете ја во фрижидер најмалку два часа. Ладниот крем лесно одвојте го од садот, па свтете го на чинија. Прелијте со џем од малини во кој сте додале сок од лимон.