Калцоне – Преклопена пица

popara5 октомври, 20121min00
pica

Потребни состојки:

За тестото
– 350 грама брашно
– 230 милилитри вода
– 1 пакетче сув квасец
– 1 лажиче сол
– 1 лажица маслиново масло
За филот

– половина шолја маслиново масло
– 1 калап кашкавал
– 500 милилитри доматен сос
– 500 грама шунка
– 200 грама печурки
Начин на подготовка:
Прво направете го тестото. Поделете го на 6 топчиња и секое топче тесто месето го додека не биде еластично и меко. Оставете го тестото да нарасне 1 час.
По еден час секое топче развлечете го со сукало и направете го во тркалезен облик. На тестото во средината ставете малку доматен сос. Врз доматниот сос ставете изреднан кашкавал, па парчиња шунка и одозгора печурки. Важно е целиот фил да го редите во средината на тестото.
Потоа горниот дел од тестото преклопете го како полумесечина и со прсти убаво залепете го крајот од тестото за да не истече филот при печењето. На крај подмачкајте го одозгора тестото  со доматен сос Пиците печете ги на мрсна хартија или на намачкано тавче со маслиново масло, на 250 целзиусови степени.
Кога тестото ќе добие златно-кафена боја ќе знаете дека пицата е готова.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag