Капри торта со јагоди

popara19 февруари, 20121min00
kapri torta

Потребни состојки:

10 јајца

35 лажици шеќер

2 лажици оцет

2 пудинга од јагода

½ кг. јагоди

6 лажици брашно

1 маргарин

½ литар млеко

2 ќесички шлаг

Припрема:

Изматете 10 белки со 15 лажици шеќер, па додадете го оцетот. Изматете ја смесата па префрлете ја во тава обложена со хартија за печење и печете на температура од 150 степени околу еден час.

Во малку вода разматете ги пудинзите. Во тенџере ставете половина литар вода и 10 лажици шеќер, па ставете го на оган да зоврие, па потоа додадете го разматениот пудинг. Мешајте се додека смесата не се згусне, па додадете ги јагодите.

Изматете 10 белки со 10 лажици шеќер, па додадете 6 лажици брашно и врело млеко. Изматете 1 маргарин и додадете го во изладениот фил. Смесата соединете ја со смесата со пудингот.

Пандишпанот исечете го на два дела. Филувајте го едниот пандишпан со филот, па одозгора ставете го другиот пандишпан и повторно намачкајте го со филот. Одозгора украсете со шлаг во кој сте ставиле малку розева или црвена прехрамбена боја. Декорирајте со цели јагоди. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag