Карамелизирани стапчиња од портокали

popara12 јануари, 20121min00
oranzada

Потребни состојки:

4 големи портокали

6 лажици шеќер

Припрема:

Излупете ги портокалите и исечете ги на ленти со дебелина од еден сантиметар. Излупете колку можете од пулпата, па ставете ги портокалите во тенџере со вода на оган.

Откако водата ќе зоврие, исцедете ги портокалите и повторно ставете ги во студена вода да зовријат. Откако и втората вода ќе зоврие, исцедете ги портокалите и тргнете ги на страна.

Во тенџере со еден литар вода на оган ставете 4 лажици шеќер и почекајте шеќерот да се растопи, па додадете ги портокалите. Гответе на тивок оган околу еден час, а потоа тргнете го тенџерето од оган и исцедете ги потрокалите.

Парлињата портокал извалкајте ги во преостанатиот шеќер, па оставете ги да отстојат во фрижидер неколку часа пред да ги послужите. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag