Киш со шпагети – вкусот на Франција

popara25 август, 20121min00
kis

Потребни состојки:

  • 300 гр лиснато тесто
  • пола пакетче шпагети
  • 1 шолја грашок (од конзерва или обарен)
  • 250 гр павлака (12%)
  • 2 јајца
  • 200 гр рендан кашкавал
  • сол, бибер, морско оревче, буковец
  • 6 домати, исечени на четвртинки или 8 чери домати
  • ситно сечкан магдонос, за декорација

 

Подготовка:

Сварете те ги шпагетите. Исцедете ги и исплакнете ги со ладна вода. Лиснатото тесто развлечете го со сукало и ставете го во тркалезно тавче. Избоцкајте го со виљушка и ставете го да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени додека малку да зарумени (околу 5 минути). Во сад измешајте ги јајцата, павлаката и зачинете со сол, бибер, морско оревче и буковец, по вкус. На испеченото тесто ставете ги шпагетите, од горе ставете го грашокот и прелијте со смесата од јајца и павлака. Од горе, ставете го изренданиот кашкавал и распоредете ги доматите. Печете во рерна загреана на 200 целзиусови степени околу 40 минути, додека да добие златно-жолта боја. Кога кишот ќе биде готов, оставете го 15 до 20 минути да се излади. Декорирајте со ситно сечкан магдонос и сервирајте.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag