Кнедли со сливи

popara11 октомври, 20121min00
knedli so slivi

Потребни состојки:

  • 2 чаши вода
  • 2 чаши брашно
  • кесичка прашок за пециво
  • 0,5дл масло
  • јајце
  • 500гр зрели сливи
  • презла
  • маст
  • шеќер
  • цимет

Начин на подготовка:

Ставете сол во водата и оставете да зоврие, додадете масло и тргнете од оган. Додадете брашно помешано со прашок за пециво и постојано мешајте за да не се создадат грутки. Кога по десетина минути ќе се олади, изматете јајце и додадете го во тестото. Исецкајте парчиња од тестото, па во рака правете мали палачинки , додадете сливи без семка во средината и добро затворете ги да не се распаднат за време на варењето. Кнедлите спуштете ги во врела водаво која сте додале половина лажица сол, намалете ја температурата, па кога кнедлите ќе испливаат, варете уште 12-13 минути. Внимателно вртете ги да не се распаднат. Варените кнедли тркалајте ги во презла пропржена на маст, а можете да додадете и шеќер или цимет, по вкус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag