Кој котира подобро на „пазарот“? „Поштените“ или оние другите…?

9 февруари, 20120
dd

Знам дека сите вие барем еднаш во животот сте помислиле за тоа кои жени имаат повеќе среќа во животот? Поштените или оние другите? Кои од нив котираат подобро на пазарот за мажи? На крај се се сведува на бројки, за едните повеќе, за другите помалку. Или пак штосот е во тоа што едните си ги кријат бројките само за себе, а другите малку наивно дозволиле сите да ја знаат нивната бројка. Кога велам бројка сигурно знаете дека мислам на бројката мажи или пениси во нејзиниот живот, нели?

Важно е дека жените ги кријат бројките, или поточно треба да ги кријат,  а мажите слободно да парадираат и да се фалат со нив. Таква е нашата реалност! Наскоро гледав еден филм “What’s your number?” во кој се вели дека женската бројка треба да биде не повеќе од 20 и дека вистинскиот треба да го најдеш во тие 20. Филмот е за успешна жена во Америка која запаѓа во шок поради тоа. Во представите на луѓето Америка е либерално место, луѓето се послободни и без сексуални предрасуди…Тоа значи ли дека бројката на жената треба да е 20?

Сеуште има религии и држави каде недопрените жени „поштените“ се котираат подобро на пазарот, но пак кај нас тоа е реткост што се однесува да стапиш во брак девствена. Но сепак како да има една пречка односно бројот на партнерите кои ги имала жената во својот живот. Малку сме дискриминирани, зошто знаете дека мажот што има цел тефтер со секс трофеи е сметан за плејбој, но ако една жена го прави истото таа е курва. Дали ќе се навредите или не, не е важно. Но замката знаете ли каде е? Колку навистина мажите знаат да преценат која е поштена, а која не? Која е подобра глумица, а која не? Глумиците или поштените? Која успева во животот?

Малку ми е тешко да поверувам дека ако отидеш и кажеш на избраникот- „Драги, ти си мажот на мојот живот и ти си ми 72-от!“ па дали и како ќе реагира тој на цифрата? Или ако тој ти каже тебе? Јас лично би се стресирала. Не би сакала да знам која е бројката на мојот сопруг, доволно ми е да знам дека јас сум последната во неговиот тефтер.

Како за крај ќе кажам дека ние сме Балкан, и подобро не се правете на многу отворени, знајте си ја бројката, ама само за себе! Тој нека биде секогаш третиот!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi