Потребни состојки:
- 2 лажици растопен путер
- ¼ чаши шеќер + лажица шеќер во прав
- 1 чаша свежи боровинки
- 3 јајца
- 2/3 чаши слатка павлака
- ½ чаша млеко
- 1 лажица ликер од портокал
- ¼ чаша брашно
- шеќер во прав
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 400 степени. Во плех ставете хартија за печење за колачот за време на печењето да не се залепи. Плехот премачкајте го со путер додадете брашно и лажица шеќер. Боровинките исчистете ги и подгответе ги за непосредно пред печење да ги додадете во смесата.
Изматете јајца во чинија со средна длабочина, потоа ставете ¼ чаша шеќер, павлака, млеко и ликер и сите состојки изматете ги. На оваа комбинација додадете брашно и повторно изматете.
Додадете боровинки, рамномерно распоредете ги по должината на целиот плех. Печете 20 минути, а потоа оставете да отстојат уште 10 минути. Посипете со шеќер во прав и служете топло.